На 14 октомври, општина Тетово склучи договор со приватна компанија за обезбедување на општинскиот објект, секторот за општинска дејност, како и други објекти по потреба. Според договорот, општина Тетово на оваа приватна компанија ќе и плаќа по околу 4.000 евра месечно или околу 50.000 евра за една година. Го прашавме градоначалникот на општината Билал Касами, според кој договорот е неопходен поради кучињата скитници и неодговорните луѓе кои фрлат ѓубре.
„Секако дека е важно, ние сме кажале дека имаме секојдневни проблеми со прашањето за кучињата скитници, со прашањето за ѓубрето кое граѓаните го фрлаат насекаде и веќе поставивме безбедносен систем каде што ја исчистивме дивата депонија што беше и ни треба дополнителен алат и дополнителни точки за да ги идентификуваме насилниците и да преземеме соодветни мерки“, рече Касами.
Во петтата точка од договорот стои дека „Добавувачот е должен да интервенира во рок од најмногу 5 минути по добиениот повик за причинета штета на имот или физички лица“. Тоа значи дека објектот и просторите на општината ќе бидат обезбедени со видео надзор, односно 24-часовно патролирање.
„Тоа е видео надзор, тоа е процес што го знаат ИТ експертите.
Инаку, општината уште од 2000 година има вработено луѓе за обезбедување, кои што плата добиваат од општинската каса. Но очигледно дека за оваа локална власт тоа не е доволно“, изјави Касами.
Прашавме во соседната општина, дали можеби и тие имаат такво обезбедување. Градоначалникот наГостивар, Арбен Таравари, такво нешто не смета за потребно.
„Во Гостивар немаме, нема потреба, имаме чувари кои работат таму. Таму се поставени камери кои се покриени и досега не сме ангажирани“, рече Таравари.
На 29 декември минатата година, општина Тетово со тендер од 1.500.000 денари побарала и 27 внатрешни и надворешни камери. Оправдувањето во тоа време беше дека е потребно за обезбедување на просторите на општина Тетово. Инаку објектот на општина Тетово никогаш не бил цел на кражба, нешто што фо потврдија и од СВР Тетово.
