Весна Деловска претседателка на Комората на извршители на Македонија и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални организации гостуваа во Бизнис 21 на ТВ21.
Деловска кажа дека во моментов има околу 2,5 милиони активни предмети кај извршителите, додека за 20 години се решени околу 1 милион предмети.
„За 20 години се решени околу 1 милион предмети, активни има околу 2,5 милиони предмети“, рече Деловска.
Во дебатата се вклучи и Марјан Ристески.
„Ако граѓанин има пет сметки, ми се чини дека пет предмети водат“, рече Ристески.
