„Има извонредни министри Албанци“ – Силјановска: Немам проблем премиер да биде Албанец, ако го бива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Немам проблем премиер да биде Албанец ако го бива. И во претходната влада и сега има извонредни министри Албанци, особено пратенички далеку позабележителни од пратениците. Ќе се држиме до законот – вели проф.д-р Гордана Силјановска Давкова пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом. 

-Колку држи изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека имало договор во последните 100 дена Премиер да биде Албанец?

„Не знам за што се договарале јас сум легалист заколнат можат да го препрочитаат сите законот за Владата, таму пишува со таа измена дека 100 дена пред изборите кандидат за премиер предлага партијата од власта што има најмногу пратеници“, вели Гордана Силјановска Давкова.

На ова прашање одговори и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, дали би прифатиле на техничката  влада Премиер да биде Албанец.

„Немам разговарано на таа тема, но зошто еве најголемата политичка партија предлага технички премиер во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ, зошто ДУИ да не поддржи премиер кој ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, а да биде Албанец?“, вели Христијан Мицкоски

Идејата за премиер Албанец прв ја пласираше во јавност лидерот на ДУИ во 2020-тата година. „Сме се бореле за оваа земја“ –велеше Ахмети.

„Сега е време за потполна рамноправност, за преземање на одговорност за раководење. Време е за првиот премиер Албанец во Северна Македонија!“, порача Али Ахмети.

Со ветувањата на Ахмети за премиер Албанец во 2020-та премиерот Заев сметаше дека ДУИ само ќе изгуби гласови и ќе оди во опозиција. „Да бидам жив, па и тоа да го видам“ изјавуваше Заев. Пред неколку дена Артан Груби изјави дека премиер Албанец ќе има во последните 100 дена од Влада и во случај на промена на избирачиот модел, бидејќи тоа било политички договор.