Старата генерација ја отстрани од потесното раководство, но тој продолжува да биде на чело на партијата. Запрашан за последните реформи во ДУИ, претседателот Ахмети изјави дека капетанот не го напушта бродот прв.
ТВ21: Дали има ДУИ без Али Ахмети?
Ахмети: ДУИ ќе има и без Али Ахмети, но ситуацијата е таква што капетанот на бродот не го напушта бродот прв. Ова е заеднички потфат. Сите ги имав како соборци и соработници.
Ахмети: Талат Џафери е горд што е активист и што водеше кампања на локалните избори. Утре ќе води кампања и на парламентарните избори. Сите ја имаат таа подготвеност. Односно, новата генерација да ја издигнеме врз нашите плеќи. И на крај, тука е и капетанот на бродот – додека да го извади и да го закотви бродот на брегот, и тој ќе излезе.
ТВ21: Кога ќе пристигнете на брегот, дали имате цел што сè уште не е исполнета?
Ахмети: Сè уште има бранови, кои јас заедно со сите овие мои соработници ги надминувам. Иако не се во раководството, тие се со мене, јас сум со нив. Значи, имаме уште малку работа за да ги поставиме работите на вистински колосек.
Ахмети зборуваше и за можноста за помирување со поранешните сопартијци Изет Меџити и Фатмир Лимани. Тој рече дека нема непријателство со нив, но за нивното враќање во ДУИ, вели дека не одлучува Али Ахмети.
-И едниот и другиот ги сметав како добри луѓе. Што и да кажам, ќе го повторам она што го кажав и тука во студио – ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Тие не постапија добро, тоа го кажав и тогаш, и денес го велам. Ја напуштија сопствената куќа. Ја видоа користа од својата куќа – ДУИ. Не го оправдувам нивниот чекор, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
ТВ21: Никогаш? Не оставате простор за помирување во иднина?
Ахмети: Нема непријателство со ниту еден од нив, но за враќање во ДУИ одлучува ДУИ, а не Али Ахмети.
Во врска со повикот за обединување на албанските партии со ДУИ, Ахмети рече дека засега се разговара само со Арјанит Хоџа од ЕДП.
