Има ли двојни стандарди во судовите? – За Мијалков одлучи, но за „Алфа“ Апелација сè уште без одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И случајот „Алфа“ е уште еден судски предмети кој во Апелациониот суд се одолговлекува цели 18 месеци. Овој суд мора да одлучува по жалбите на одбраната на обвинетиот Алмир Дрпљанин, кој тврди дека не е вмешан во случајот „Алфа“.

Со одолговлекувањето на оваа постапка, се одолговлекува и одлуката за барањето за повторно судење на предметот кое беше поднесено уште во јуни 2021 година. Поради административни грешки, предметот речиси 3 месеци „талкаше“ од Апелациониот до Кривичен суд

„Предметот е вратен и за овој четврток во 11 часот е закажано јавно рочиште. По завршувањето на јавното рочиште, судечкиот совет во делот од седницата кој е затворен за јавноста, се советува и одлучува по предметот. Одлуката се пишува на лист и се испраќа до Првостепениот суд“, велат од Апелација.

Поради одолговлекувањето на предметот, вчера Судскиот совет побара да се испитаат и причините за доцнењето. Меѓутоа, Агим Ислами, осуден во случајот, не верува во оваа одлука. Вели дека е осуден без никаква вина, а оние кои вршат криминал се ослободени.

„Формираа работна група во судството за да проверат како се донесени одлуките во Апелациониот суд. Ме чуди фактот што и нашиот случај „Алфа“ е во нивен фокус. Ова е само дефокусирање на населението за да се балансира моменталната состојба во судовите“, вели Агим Исмаили.

Според последното истражување на ИРИ, само 4% од граѓаните имаат целосна доверба во судството, а во Обвинителството само 3%. Неслучајно најголемиот број претставки што граѓаните ги испратиле до Народниот правобранител се од областа на правосудството, изјави Насер Зибери. Над 400 претставки се однесуваат на работата на судовите и извршителите.

„Ако се земат предвид последните случувања во Апелациониот суд и одлуката за поништување на првостепената пресуда за сега најпознатиот предмет, тогаш јасно е како и зошто се создава ваквата перцепција кај граѓаните за судовите. Не е случајно што граѓаните ја губат довербата во одлуките што ги носи судството. Мислам дека треба да се направи многу повеќе за да се промени оваа состојба, но индициите се дека нема активности во оваа насока“, вели Насер Зибери.

Од Кривичен велат дека кога ќе биде донесена одлука по жалбената постапка во Апелација и предметот ќе биде вратен во Кривичниот суд, тогаш веднаш ќе се донесе одлука во однос на барањето за повторно судење на предметот. На 26 ноември 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје беше убиен полицаец Албанец од единицата Алфа, а повредени беа двајцата негови колеги Македонци со кои бил во патрола. За ова убиство, во април 2010 година на доживотен затвор беа осудени покојниот Реџаиљ Ќерими од кумановското село Опае и Агим Ислами од Скопје.