Дали државата ќе успее со буџетот за 2024 година да се позиционира со 2% од БДП да се издвојуваат за одбраната?
Ова прашање во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 го постави колегата Јовица Пауноски директно од Вилнус, Литванија каде вчера на Самитот на НАТО беше донесена одлуката за 2% од БДП да биде минимумот за финансирање на одбраната.
На ова прашање одговори министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според Бесими, тие се ставени во фискалната стратегија.
„Ги имаме ставено во фискалната стратегија, 2% ќе одат за одбраната, како што е обврската кон НАТО“, вели Бесими.
