Патнички авион од компанијата Азербејџан Ерлајнс се урна во близина на Актау, Казахстан откако бил пренасочен од Грозни поради густа магла.
Летот полетал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен кон Актау. Авионот го обиколил аеродромот неколку пати пред да се урне во близина на пистата.
Казахстанското министерство за вонредни ситуации го потврди инцидентот.
На летот имало 72 лица, 67 патници и пет членови на екипажот. Бројот на жртви не е потврден, но има најави дека има преживани, но информацијата официјално не е потврдена. На социјалните мрежи се појавија снимки од тоа како извлекуваат живи патници со повреди. На лице место се екипи на полиција и итна помош. Според неофицијалните информации, 25 лица го преживеале падот.
Авионот побарал итно слетување пред падот, но нема информации зошто било тоа барање.
Властите во моментов собираат информации за утврдување на причините за несреќата.
Azerbaijan Airlines plane crashes near Aktau, Kazakhstan
https://t.co/0I3QerfTlJ via @taazatv #AzerbaijanAirlines #Aktau #crash #Grozny #fog #emergency #landing #Azerbaijan #Kazakhstan #crash pic.twitter.com/J0z2sQ8UIk
— Taaza TV (@taazatv) December 25, 2024
