Има шанси и Албанија да не ги стартува преговорите, Кодели: Најважно е во ЕУ да влеземе заедно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Блокадата на Бугарија врз стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, директно ја тангира и Албанија, имајќи предвид дека двете земји се во ист пакет. Но, претседателката на собраниската Комисија за надворешна политика на Албанија, Мими Кодели, вели дека за Албанија е поважно во ЕУ да влезат заедно со Македонија отколку сами.

„Верувам во спротивното и ќе продолжам да стојам на тој став. Секако дека ние имаме две различни историски, реформски или политички позадини, но кои завршуваат, спомнуваат и спојуваат во една точка, а тоа е – старт на преговори како две соседни земји на Западен Балкан. За нас, поважно е да бидеме заедно, отколку да чекориме сами“, истакна Кодели.

Кодели со став дека Северна Македонија не ја казнува Албанија кога се работи за отпочнувањето на преговорите со Унијата. Ова го изјави по средбата со нејзиниот колега, Антонијо Милошоски, кој пак рече дека унијата нема доволно желба за Северна Македонија да стане дел од европското семејство, додавајќи дека ако сакала, тоа ќе го сторела навреме.

Македонија и Албанија со години чекаат пред вратите на ЕУ. Македонија е земја-кандидат уште од 2005, а Албанија од 2014-та. Двете земји во март 2020 добија зелено светло на старт на пристапните преговори.