Советниците на ДУИ во Тетово поставија импровизирани семафори на крстосницата помеѓу улицата „Благоја Тоска“ и „29 Ноември“. Советничката Шпреса Ќазими изјави дека овој пат е пуштен без согласност на СВР само за политички поени, загрозувајќи стотици граѓани.
„Граѓаните секојдневно се изложени на ризик, а општина Тетово не презема ништо за регулирање на сообраќајот, поточно поставување семафори или кружни тека. Тоа докажува дека оваа раководство е подготвено да даде се од себе само за политички поени, не штедејќи ја ни безбедноста на граѓаните“, порача Шпреса Ќазими.
Од општина Тетово велат дека на патот има сообраќајна сигнализација, а во тек е и тендерот за семафори.
„Постапката за поставување сигнализација на булеварот „Благоја Тоска“ е во завршна фаза, додека сите останати табли се поставени и граѓаните можат да се движат по овие знаци. Го отфрламе обвинувањата дека овој булевар е пуштен без исполнување на условите бидејќи знаците се тие што даваат ориентација во овој пат. Од друга страна, ве известуваме дека тендерската постапка за одржување и поставување на семафорите е завршена и дека наскоро се очекува да биде готов планот за промена на сообраќајот на овој патен правец како еден од најважните во градот“, вели Бесарата Рамадани
Булеварот „Благој Тоска“ беше пуштен во употреба пред шест месеци, а улицата „29 Ноември“ од главен стана спореден пат. Пред извесно време и од СВР Тетово соопштија дека за пуштањето на овој пат во употреба Општината не барала согласност од СВР Тетово за промена на режимот на сообраќај.
