Индија до Тесла: Не сакаме на нашиот пазар електрични автомобили произведени во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси половина од автомобилите на Tesla продадени ширум светот минатата година се произведени во нејзината кинеска фабрика во Шангај.

Tesla се добредојдени во Индија за производство на автомобили. Ова го изјави индискиот министер за транспорт Нитин Џаирам Гадкари. Тој истакна дека не сака електричните автомобили произведени во Кина да се најдат на пазарот во неговата земја.

Тесла се обидува да увезе електрични автомобили во Индија и речиси една година ги притиска властите во Делхи да ги намалат тарифите, за кои шефот на компанијата Илон Маск вели дека се меѓу највисоките во светот. Досега неговите напори не беа успешни.  

Сепак, автомобилската компанија досега не открила инвестициски план во земјата, потег што би бил во согласност со визијата на премиерот Нарендра Моди „Make in India“ за зајакнување на локалното производство и создавање работни места. 

Речиси половина од автомобилите што Tesla ги продаде ширум светот минатата година се произведени во нејзината кинеска фабрика во Шангај.