Индија ја воведува најстрогата мерка, никој не смее надвор 21 ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индија од утре ќе ја почне најстрогата мерка во Светот. Властите донеле одлука за целосен карантин во траење од 21 ден, соопштил премиерот Нарендра Моди, а пренесува „Ројтерс“.

Тој ги предупредил граѓаните дека не смеат да излегуваат од дома, во спротивно ризикуваат да им се случи пандемија во своите домови. Граѓаните ќе смеат да излегуваат само за итна медицинска помош.

„За да се спаси Индија и секој граѓанин, ќе постои целосна забрана за излегување од дома“, рече Моди во телевизиско обраќање, и притоа призна дека три недели би донеле голем удар за економијата, но коронавирусот би можел да биде уште полош и би ја вратил земјата неколку децении назад.