Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија во нелегална фабрика за огномет во северозападниот дел на Индија, соопштија локалните власти.
Експлозијата била толку силна што се слушнала на оддалеченост од пет километри, пренесува порталот India TV, наведувајќи дека поради силината на детонацијата била предизвикана голема материјална штета на објектот.
Повредените итно биле пренесени во најблиските болници за да им биде укажана лекарска помош, а припадници на безбедносните сили, стационирани во блискиот камп, веднаш интервенирале и започнале спасувачка акција уште пред пристигнувањето на противпожарните екипи.
