Индира Кастратовиќ влегува во куќата на славните на ЕХФ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската ракометна федерација објави листа од 21 ракометар(к)и кои ќе влезат во куќата на славните. Меѓу нив се најде и поранешната македонска репрезентативка Индира Кастратовиќ.

Кастратовиќ има титула во Лигата на шампионите со Кометал Ѓорче Петров.

Листата ја промовираше првиот човек на Европскиот ракомет, Михаел Видерер. Покрај Кастратовиќ, во куќата на славните влегуваат и Луминица Хутупан Дину. Меѓу оние кои ќе го добијат ова престижно признание се уште Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Ања Андерсен, Љубомир Врањеш, Анди Шмит, Стафан Олсон, Марта Манге, Лик Абало, Иван Чупиќ, Дејан Периќ, Игор Вори и Виран Морос.