Инфектологот од Тирана со препорака: „Социјална дистанца за да се избегне контакт со вирусот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Седи дома, ние предаваме за тебе“. На ова мото му се приклучи и Пелумб Пиперо, професор од Тирана кој им предава на студентите на Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово. Тој вели дека едно заразено лице со коронавирус може да зарази тројца други, бидејќи како што објаснува, вирусот има брзо темпо на пренесување.

„Едно заразено лице, истовремено може да зарази тројца други. Доколку ова темпо на пренесување, или лицето помине 5 вакви циклуси, тогаш бројот на заразените може да достигне до 520“, вели Пелумб Пиперо.

Според Пиперо, мерките за спречување на ширење на вирусот се токму оние што ги презема секоја Влада односно: држење социјална дистанца, карантин, изолација и ограничувања.

„Мерките за социјална достанца и продолжен престој во домашни услови би рекол, со цел да се избегне контактот со вирусот. Но, доколку излегуваат, граѓаните мора да носат маски кога одат на јавни места, да држат дистанца најмалку еден и пол метар, задолжително да ги мијат рацете што е можно почесто со вода и сапун, но и да ги дезинфицираат со алкохол или гел“, додава Пиперо.

Инфектологот објаснува дека иако сѐ уште не е откриена вакцина, сепак има комбинации кои се користат во болници за третирање на вирусот.

„Имаме неколку алтернативни лекови кои покажаа оптимални охрабрувачи резултати, како што се некои антивирусни, би ја спомнал калетра, како што се некои антиинфламаторни лекови, како што се хидроксиклорокин или хлорокин. Терапијата со кислород е многу важна“, изјави Пиперо.

Инаку, Пиперо е инфектолот во Болницата во Тирана и се бори на првата линија на фронтот против вирусот Ковид-19.