Инфлацијата во јуни годинава во однос на јуни лани изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај бележи намалување од 0,5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јуни годинава, во однос на претходниот месец, намалување на трошоците на животот е забележано во групите „Транспорт“ за 1,6% и „Храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,1%.
Зголемување пак е забележано во групите „Рекреација, спорт и култура“ за 1,4%, „Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги“ за 0,5%.
Индексот на цените на мало пак во однос на мај бележи намалување за 0,8%, а во однос на јуни лани зголемување од 3,6%.
