Трошоците на животот во октомври бележат раст од 0,4 проценти во споредба со септември, додека годишната инфлација достигна 3,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо месечно поскапување е регистрирано кај алкохолните пијалаци и тутунот за 2,5 проценти. Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,7 проценти, а облеката и обувките за 1,2 проценти.
Од друга страна, поевтинување е забележано кај покуќнината и опремата за домаќинствата за 1,3 проценти, како и кај рестораните и услугите за сместување. Цените на мало, пак, на годишно ниво бележат раст од 3,2 проценти.
