Планинарското здружение „Шари ски“ во Попова Шапка отвори Информативно – едукативен центар каде може да се добијат информации за ова туристичка зона. Информативниот центар има за цел да ги информира туристите за планинскиот терен, мапите, животните и растенијата на Шар Планина.
Членовите на ова планинарско здружение велат дека Македонија има малку познавања за планинските спортови, затоа сметат дека ваквите иницијативи ќе привлечат и странски туристи.
На бачилата кои се наоѓаат на Шар планина, кои се дел од мапите кои можете да ги земете од Информативно – едукативниот центар, можете да одморите или да земете храна, но исто така и да ги полните вашите мобилни телефони со соларна енергија преку соларните панели кои се поставени во бачилата.
