Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше иницијативата на Европскиот фронт, односно на ДУИ, за собирање потписи за започнување процес за уставни измени, пренесува ТВ21. Мицкоски вели дека ДУИ треба да се занимава со проблемите што ги има со кадрите и програмата во партијата, додавајќи дека државните прашања ги решава Владата.
„ДУИ имаше можност да го направи тоа кога беше во Владата, 20 години беше во Влада. Затоа мислам дека ДУИ има проблем со кадрите и со програмата. Јас би им препорачал да си ги решат проблемите со кадрите и програмата, а државните проблеми ќе ги решава Владата која има легитимитет од граѓаните“, изјави Мицкоски.
