Иницијативата „Стоп за Усје“ ја обвинува Општина Кисела Вода дека ги кријат податоците од мерната станица за воздух која е поставена во дворот на цементарницата Усје, спречувајќи ја транспарентноста за податоците загадувањето на воздухот.
Иницијативата бара станицата да функционира со цел капацитет, да се интегрира во јавни апликации и да овозможува мерења во реално време за загадувањето од согорување на петрококс и јаглен. Тие нагласуваат дека граѓаните треба активно да се вклучат во заштитата на чистиот воздух, особено сега кога цементарницата Усје бара нова еколошка лиценца.
„Тврдењето на Општината е целосна лага. Уредот што Општината го купи и постави во 2024 година е Aeroqual AQS-1. Тој поддржува онлајн пренос и API. Мери PM10, PM2.5, како и SO₂ и NOx, додека ние гледаме само она што тие одлучат да го објават. Од ова произлегува прашањето: Каков интерес го штити Општина Кисела Вода? На граѓаните или на загадувачите како фабриката за цемент Усје? Лажните тврдења на институциите, кои очигледно одбраа да бидат на страната на Усје наместо на граѓаните кои бараат чист воздух, нема да поминат.“, вели Александар Тодески.
