Инспекторатот ја истражува смртта на 14 месечното бебе, опозицијата бара одговорност, бараат оставка од Таравари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште од раните утрински часови, Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши увид во Клиниката за детски болести и Болницата Козле. Причината е смрта на 14 месечното бебе за кое родителите тврдат дека имало негрижа од овие институции и не го третирале бебето според протоколите. Ова го потврди и министерот за здравство, Арбен Таравари, кој додаде дека е формирана и Комисија со експерти за расчистување на случајот.

За овој случај реагираа и опозициските партии од Европскиот фронт и СДСМ, кои обвинуваат за небрижност на здравствените институции. Од ЕФ бараат оставка од министерот Таравари и директорот на Детската клиника, Мемеди.

СДСМ бара потранспарентен процес и одговорност.

Инаку вчера министерот за здрасвтво, Арбен Таравари, потврди дека детето кое починало во Детската клиника претходно било одбиено да се хоспитализира и нагласи дека „некој треба да носи одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“.