Инспекторатот веднаш излезе на терен и зема мостри од загадената вода од реката Вардар во скопско Долно Лисиче.
Ќе бидат направени лабараториски анализи за да се утврди од каде доаѓа загадувањето.
Инаку во истата област имаше загадување и пред извесно време, и тогаш загадувачот доби 100.000 евра казна. Од инспекторатот напоменуваат дека доколку станува збор за истиот, тогаш казната ќе биде поригорозна.
