„Инспекцијата на Град Скопје оди и постапува секаде каде што има надлежност, се изрекуваат и казни“, одговара Ѓорѓиевски во „Клик Плус“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека инспекцијата на Градот оди и постапува секаде каде што имаат надлежност.

Како што вели, се изрекуваат и казни.

„Имаме два начина, дејствување има секаде периодов, но најпрво се изрекува опомена. Сметам дека тоа е добро за да му укажете на човек, да не преземете веднаш дејствија со кои што ќе примените казна, затоа што системот хипотетички му дозволил на некого да се грее дома со мазут, и истиот ја продолжил праксата, затоа е добро да му се укаже. Но доколку не се поправи за 5-7 дена, тогаш ќе има казни“, вели Ѓорѓиевски.