Социјалната мрежа Инстаграм ни откри бројни преубави локации низ целиот свет, за кои можеби никогаш не би слушнале.
Откако ќе откријат некоја добра локација, познатите инфлуенсери веднаш прават добри фотографии, а големи се шансите подоцна да видиме стотина фотографии баш на истото место.
Една од локациите која брзо се прошири на оваа платформа е и „Вратата од рајот“, а всушност во реалниот свет не постои истото место кое може да се види на фотографиите.
Се работи за храмот Lempuyang Temple на Бали, а ако верувате на Инстаграм, на едно место постојат два столбови и кристално чисто езеро кое се соединува со небото.
Додека инфлуенсерите позираат по можност во традиционална облека и во некоја наместена поза, нивниот одраз во водата креира волшебна фотографија.
Постои само еден проблем – таму воопшто не ни има езеро.
Познатото езеро, всушност, е парче стакло поставено под камерата на телефонот.
Новинарка Полина Маринова пишува дека „ова е доказ дека инфлуенсерите се уништуваат“.
„Моите соништа и надежи се уништени откако дознав дека водата кај Вратата на рајот е парче стакло под телефонот“, вели таа.
Proof that Instagram influencers have ruined everything?
My hopes & dreams were shattered when I found out the “water” at the Gates of Heaven is actually just a piece of glass under an iPhone ? pic.twitter.com/oiahI5VCIo
— Polina Marinova Pompliano (@polina_marinova) July 4, 2019
Но, се чини дека никој нема ништо против овие лаги. Лажната фотографија станала туристичка понуда, а за неа се чека во ред и по два часа.
Фејсбук ги информираше корисниците на Месинџер и Инстаграм во Европа дека некои функции во моментот се привремено недостапни.
Пораката се појави во апликациите на Фејсбук,...
Фејсбук, Инстаграм и Месинџер се урнаа утрово. Според „Даун детектор“, проблемите започнале околу 9 часот наутро и ги погодиле корисниците ширум Велика Британија и...
Коалиција од 46 сојузни држави синоќа поднесе колективна тужба против Фејсбук за злоупотребува на своето првенство на пазарот со социјалните мрежи и прегазување на конкуренцијата.
Антимонополска...