Нема податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење вода за пиење во Скопје, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, кој беше прашан дали е точно, како што се пишува на социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје, пренесува ТВ21.
Според него, бројот на случаи е зголемен, но зголемувањето е во рамките на нормалното и во согласност со податоците од претходните години, особено имајќи ги предвид високите температури. Тој истакна дека, доколку имало случаи поврзани со водата, тие би требало да бидат евидентирани во текот на дијагностичките процедури.
„Бројот е зголемен, но не е над нормалата, во споредба со претходните години, тука е, значи, во очекуваниот раст. Така што, немаме податоци дека некој има гастроинтестинални симптоми поради пиење на вода“, рече Цана.
