ОЈО Скопје ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче по допрен глас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека оформило предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

„Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.