Интер против Севилја во финалето на Лигата на Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со победата над Шахтјор, тимот на Интер се пласираше во финалето на Лигата на Европа. Италијанците вечерва со убедливи 5:0 ги совладаа украинците, и во борбата за големиот пехар ќе играат против шпанска Севилја која претходно во полуфиналето го совлада тимот на Манчестер Јунајтед.

Интер поведе во првиот дел со голот на Лаутаро Мартинез. На 2:0 зголеми Д’Амброзио во 64. минута. До крајот уште три гола во мрежата на Шахтјор. Стрелци беа повторно Лаутаро Мартинез, и два пати Ромело Лукаку.