реклама

Интерактивна корпа за смет во Скопје, зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу. Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама