Интерконектор Македонија–Албанија, ДУИ бара истрага – Мепсо: Проектот се спроведува според ЕБОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опозициската Демократска унија за интеграција побара истрага против генералниот директор на МЕПСО Бурим Љатифи, по, како што велат, меѓународна одлука која ја задолжува државата да плати 6 милиони евра отштета. Според ДУИ, Љатифи го поништил постојниот договор со компанијата „Енергоинвест“ од Сараево и го заменил со ELNOS BL DOOEL од Бања Лука, компанија која, според опозициската партија, е тесно поврзана со мрежата на интереси на Милорад Додик.

„ДУИ констатира дека Бурим Љатифи донел одлуки кои директно го оштетиле јавниот интерес и внеле компанија поврзана со Додик во критичната енергетска инфраструктура на држава членка на НАТО. ДУИ бара од Обвинителството започнување веднаш на кривични истраги против Бурим Љатифи за злоупотреба на службена должност и оштетување на државниот буџет, бара целосен ревизија на сите договори потпишани за време на неговиот мандат и итно суспендирање на договорот со ELNOS BL до целосно појаснување на околностите“, велат од ДУИ.

Во реакцијата,  ВЛЕН ја обвинува ДУИ дека со години ги насочувала енергетските проекти кон Србија, оставајќи ги на страна стратешките врски со Албанија и Косово, и тврди дека проектот за Албанија бил речиси блокиран со само 4% реализација. Според нив, договорот имал сериозни проблеми како дополнителни финансиски барања, напуштање на градилиштето и загуби за државата, додека неговото раскинување е направено врз институционална основа и професионална анализа. ВЛЕН додава дека ДУИ треба да одговара за лошо менаџирање и сомнежи за злоупотреби, нагласувајќи дека случајот може да се третира и од Јавното обвинителство.

„Обидите на ДУИ да ја претстави процедурата пред ДАБ како извршна одлука се намерна манипулација. Станува збор за механизам пред арбитража, кој не претставува конечна одлука и во кој државата има целосно право да ги користи сите правни средства за заштита на своите интереси. Да се претстави ова како „конечна штета“ е намерно создавање паника и избегнување на суштината. Да се нагласи: арбитражата е инстанца каде се решаваат вакви спорови и таму случајот ќе биде решен во корист на државата и буџетот на граѓаните“, велат од ВЛЕН.

Исто така реагираа од АД МЕПСО, кои велат дека изборот на изведувач е направен според строгите процедури на ЕБОР, обезбедувајќи транспарентност и законитост, и дека проектот е доверен на докажана хрватска компанија во Европа – „Далековод д.д.“, која се смета за гаранција за успешно реализирање.

„Станува збор за компанија која:

– е основана во 1949 година и има повеќедецениско искуство во изградба на

високонапонски далекуводи;

– е листирана на загрепската берза и функционира според највисоки стандарди на

корпоративно управување;

– е дел од индустриската групација KONČAR Group, што обезбедува дополнителна

финансиска и технолошка стабилност;

– остварува годишен обрт од стотици милиони евра и бележи континуиран раст;“, велат од АД МЕПСО

Понатаму во реакцијата на МЕПСО се наведува дека избраната компанија има реализирано проекти во повеќе од 80 држави и дека „Далековод“ соработува со водечките европски и светски оператори на преносни системи и има развиена мрежа на подизведувачи и партнери од повеќе држави.