Интерпелација за Груби и Османи? Меџити ниту потврдува, ниту демантира, ќе молчи во првите 100 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на парламентарната група на ДУИ, Изет Меџити ниту ги потврдува ниту ги негира гласините дека во Собрание ќе покрене интерпелација за двајцата министри од неговата партија, првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Сега ниту потврдувам ниту негирам такво нешто. До завршување на првите 100 дена нема да се произнесам. Ќе зборувам по 100-те дена.“, вели Меџити.

ТВ21 побара став од вицепремиерот Артан Груби а исто така и од Османи, но не добивме реакција од нив. Ова не е прв пат да се зборува за интерпелација на Владата. Пред околу еден месец такво нешто спомна Блерим Беџети, кој е исто така кадар на ДУИ.

Беџити: „Има непишано правило на целиот наш континент, 100 дена и се даваат на владата, не се покренува ни интерпелација …и нормално потоа треба да…“
ТВ21: Спомнавте интерпелација…
Беџити: Потоа треба да се продолжи да се работи

Интерпелација најавува и ВМРО-ДПМНЕ за да побара одговорност за блокадата од Бугарија на патот на евроинтеграциите на Македонија.

Од истата причина оставка побара и албанската опозиција која ја поддржува интерпелацијата.

„Јас денеска побарав оставка од министерот за надворешни работи како и од премиерот и министерот за ЕУ и логично е кога бараш оставка, да поддржиш интерпелација на било кој министер на оваа влада, но јас не верувам дека интерпелацијата ќе послужи за нешто. Интерпелацијата ќе послужи само за политичка дебата.“, рече Села.

Интерпелацијата е институт за контрола на активностите на секој носител на јавна функција, на Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања во врска со дејноста на државните органи. Интерпелација може да се достави писмено и се упатува до Владата или носителот на јавна функција за работата на која се однесува интерпелацијата. По добивањето одговор од интерпелацијата, се отвора дебата во Собрание која завршува со гласање што го отсликува задоволството односно незадоволството на Собранието од добиените појаснувања од носителот на јавна функција или од Владата. Недостигот на задоволство од работата може да послужи како причина за покревање политичка одговорност или оставка на Владата односно носителот на јавната функција.