Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во Собранието ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.
„Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација“
изјави Зијадин Села вечерва во „Click Plus“ на ТВ21
Како што претходно најавија опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал Парламентот.
