Еден маж бил уапсен откако во саботата седнал на крилото на авионот на Алјаска ерлајнс на аеродромот во Лас Вегас, потврди на Си-Ен-Ен портпаролот на аеродромот Џо Рајчел.
Имено, летото 1367 од Лас Вегас до Портланд се подготвувал да полета од меѓународниот аеродром МекКаран кога пилотот забележал лице кое доаѓа кон авионот и ја известил контролната кула, се вели во соопштението на Алјаска ерлајнс.
Мажот ја прескокнал заштитната ограда и се качил на крилото на авионот. На крајот бил уапсен и однесен во медицинска установа, а засега не е познато кој е тој и како успеал да се качи.
Поради инцидентот, летот беше одложен за скоро четири часа.
