МВР со предупредување: Веднаш приземјете ги дроновите при појава на хеликоптер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР апелира до граѓаните и операторите на дронови строго да ги почитуваат правилата за безбедно користење на воздушниот простор.

Поради зголемениот ангажман на полициските хеликоптери, особено при гаснење пожари, ризикот од инциденти е зголемен.

Операторите кои ќе забележат или слушнат полициски хеликоптер мора веднаш безбедно да го приземјат дронот.

Од МВР предупредуваат дека приближување, следење или снимање на хеликоптер од непосредна близина е строго опасно.

За незаконско или небезбедно управување со дронови ќе се преземаат прекршочни, а во одредени случаи и кривични мерки.