Инцидент по фудбалски меч во Куманово – МВР: Оштетен автобусот на Струга ТЛ, лишен од слобода сопственикот на Башкими

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На вчерашниот натпревар помеѓу Башкими и Струга ТЛ кој заврши во корист на гостите со 0-4, имало и „трето полувреме“. За инцидентот кој се случил по завршувањето на мечот, се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека било пријавено дека сопственикот на Башкими имал расправија со едно лице од гостинската екипа. Потоа исто така бил оштетен и автобусот на Струга ТЛ.

„На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга. Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.“, стои во соопштението на МВР.