Едно лице загина, а најмалку едно е тешко повредено кога автомобил влетал во толпа луѓе во италијанскиот град Ланчиано. Трагедијата се случила нешто по пладне, за време на прославата на Денот на ослободувањето.
Според првичните информации автомобилот прегазил неколку пешаци, а најмалку едно лице загинало. Несреќата се случила по манифестацијата на „Плоштадот на мирот“ кај споменикот на хероите.
Речиси сите учесници на настанот се упатија кон плоштадот за комеморациите, кога наеднаш автомобил, управуван од постар човек, со голема брзина влегол на улицата и прегазил луѓе.
Најмалку две лица биле фрлени во воздух од силината на ударот, а еден од нив, 81-годишен поранешен полицаец, починал на лице место. Меѓу повредените има и 68-годишна жена која се здобила со повреди на главата и кичмата. Повреден е и возачот на автомобилот кој се здобил со повреди на главата.
Auto su pedoni dopo celebrazioni #25aprile a #Lanciano , un morto e diversi feriti
Una macchina guidata da un uomo ha imboccato a folle velocità la discesa di via del Torrione, falciando diversi pedoni pic.twitter.com/JeqOcbusLj— I fatti nostri (@Infofatti) April 25, 2025
На лице место биле карабинери, пожарникари, брза помош и хеликоптер…
Според првичните информации, нема сомнение за напад. Имено, зад воланот на автомобилот седел 80-годишен маж на кој, се чини, му се слошило додека возел. Откако ги прегазил пешаците, автомобилот удрил во друго возило, потоа во бетонска ограда и таму застанал.
