Инцидент во Копенхаген: Влетал со возилото на аеродром, сите летови прекинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аеродромот Каструп во Копенхаген рано утринава беше привремено затворен за авиосообраќај, откако маж со украден Ленд Ровер ја проби безбедносната ограда и влегол во безбедното подрачје на аеродромот. Полицијата веднаш реагирала и започнала потера, а вооружени аеродромски службеници со беспилотни летала го пребарале аеродромот.

Воздухопловните операции продолжија околу 06:00 часот, кога беше оценето дека осомничениот повеќе не е на аеродромот. Полициски патроли и понатаму се присутни на теренот, а потрагата по осомничениот е во тек.

Автомобил со шведска регистрација, кој бегаше од полицијата, удри во ограда на аеродромот Каструп околу 03:30 часот. Потерата траела неколку часа, а поради тоа аеродромот го затворил воздушниот простор.

Портпаролката на аеродромот Каструп, Џули Бол, рече дека аеродромот соработува со полицијата и дека добил дозвола за повторно отворање. Аеродромот во Копенхаген потврди дека маж, кого полицијата го гонела, ја пробил оградата во близина на пистата и потоа побегнал внатре во аеродромот.