Инцидент во луна парк во Србија, две девојчиња повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две девојчиња се полесно повредени синоќа во српскиот град Свилајнац, откако се срушил детски воз, јавуваат српските медиуми.

Не се констатирани сериозни повреди, а децата се пуштени дома.

Се утврдува одговорноста на сопственикот на забавниот парк.