Инцидент во Парламентот на Албанија: Седницата започна со тензии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешната парламентарна седница во Албанија започна со силни тензии, откако пратениците од опозицијата уште на почетокот на работата ја блокираа говорницата.

За време на судирот, пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, насилно му го одзел микрофонот на Таулант Бала, по што ситуацијата дополнително ескалирала со физичка пресметка меѓу Нока и пратениците од Социјалистичката партија. Пратениците од опозицијата удирале и по масите, попречувајќи го нормалното одвивање на седницата.

Тензиите се зголемиле додека парламентарното мнозинство продолжувало со процедурите за гласање без дискусија. По судирот со Таулант Бала, Фламур Нока се обидел да им ги одземе гласачките картони на пратениците од Социјалистичката партија. Овие постапки предизвикале хаос во салата на Собранието, додека пратениците од опозицијата продолжиле да ја држат блокирана говорницата.

Во метежот, социјалистичката пратеничка Зеѓине Чауши била забележана како ги собира гласачките картончиња на пратениците од Социјалистичката партија, во обид да ги тргне од настанатата ситуација и да спречи демократскиот пратеник да им ги одземе. Седницата беше проследена со тензии и судири меѓу двете страни, што го отежна продолжувањето на парламентарната работа.