Пред зградата на јавниот српски сервис, Радио Телевизија Србија (РТС), синоќа дошло до инцидент откако демонстрантите се судрија со полицијата.
Како што јавува Н1, студентите се обиделе да стават ограда, и во тој момент дошло до судир со полицијата. Еден полицаец е повреден.
Студентите од синоќа од 23 часот го блокираа влезот пред зградата на РТС, и цела ноќ ја минаа пред зградата, и не дозволуваат вработените да влезат во неа.
Студентите се решија на блокада на РТС поради тоа што не известуваат доволно добро за сите случувања во Србија. Дополнително ги разлути и гостувањето на претседателот Александар Вучиќ на јавниот сервис синоќа.
Се огласи и РТС:
„Спречувањето на вработените на РТС да дојдат на работа е опасен преседан. РТС апелира до студентите да дозволат вработените да стигнат безбедно на своите работни места“, стои во соопштението.
