ИПА фондовите не се реализираа, Османи во „Click Plus“ открива кој е главниот проблем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бујар Османи, министерот за надворешни работи во „Клик Плус“ на ТВ21 објаснува зошто ИПА фондовите не се реализираа. Тој како шеф на ИПА секторот во земјата, знае што е проблемот, и го откри вечерва на гостувањето во „Клик Плус“.

„Јас ја знам дијагнозата кај нас бидејќи бев шеф на ИПА секторот, и тоа е човечкиот фактор и неможноста да се задржат квалитетните луѓе во системот поради непостоење законски начин за финансиско стимулирање. И тоа е доминатниот проблем“, рече Османи кој додаде дека Бугарија има најдено добар начин за стимулирање на ИПА програмите.

„Бугарија има најдено добар начин за стимулирање на ИПА програмите, а ние немаме најдено законски начин бидејќи тоа ќе предизвика домино ефект во другите сектори, а тоа буџетот нема да може да го издржи“, додаде министерот за надворешни работи.

Османи рече дека веќе разгоаварал и со премиерот Зоран Заев за ова.

Целата изјава низ следното видео: