Иран одговори на заканите на Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД би можеле да ја изгубат контролата врз теснецот Баб ел-Мандаб ако преземат мерки против Ормутскиот теснец, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на информиран извор во Техеран.

Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормутскиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата.

Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб, предупредувајќи дека тоа би ги зголемило трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија.

Соопштението дојде откако Трамп претходно изјави дека американската морнарица ќе започне блокада на бродовите во Ормутскиот теснец, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Техеран.