Иран се закани: Ќе мораме да набавиме нуклеарно оружје во случај на напад од САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран ќе мора да набавува нуклеарно оружје доколку биде нападнат од САД или нивните сојузници, предупреди во понеделникот советник на врховниот лидер на земјата, по заканата од американскиот претседател Доналд Трамп.

Коментарите дојдоа откако врховниот лидер на Иран Али Хамнеи, вети дека ќе се спротивстави доколку Трамп ја исполни својата закана дека ќе ја бомбардира земјата, освен ако не се постигне договор за ограничување на нејзината нуклеарна програма, пишува Франс 24 .

„Ние не се движиме кон нуклеарно оружје, но ако направите нешто лошо за иранското нуклеарно прашање, ќе го принудите Иран да се сврти кон него бидејќи мора да се брани “, изјави советникот на Хамнеи, Али Лариџани за државната телевизија.

„Иран не сака да го направи тоа, но… нема да има избор. Ако во одреден момент одлучат да бомбардираат сами или преку Израел, Иран ќе биде принуден да донесе поинаква одлука“, додаде тој.