Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека во моментов нема покачени нивоа на зрачење на погодените локации. Иран објави дека ќе се брани од „криминална американска агресија“ и испали ракети кон Израел.
Висок ирански функционер изјави за Си-Ен-Ен дека е јасно оти американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дејствуваат заедно за да го нападнат Иран и дека Иран ќе продолжи да го напаѓа „агресорот“.
„Од самиот почеток беше јасно дека Трамп и Нетанјаху беа доста координирани и всушност спроведуваа заеднички проект. Нетанјаху се закануваше и напаѓаше, додека Трамп ги нудеше преговорите како недостижна илузија. Сето ова додека истовремено го поддржуваше со опрема, оружје и разузнавање“, рече функционерот.
„Немаше никаква разлика меѓу нив – нивното однесување беше лажно и имаше за цел измама. Во текот на целиот период на преговори, Израел го зајакнуваше својот капацитет за конфликт. Иранските вооружени сили ќе продолжат да го напаѓаат агресорот, а во меѓувреме, парите на американските даночни обврзници се трошат залудно“, додаде тој.
