Иран во понеделник ги предупреди Соединетите Американски Држави дека се „целосно подготвени“ за борба и дека подготвуваат „многу изненадувања“ бидејќи војната влезе во деветтиот ден, а глобалните енергетски пазари стануваа сè понапнати.
Во објава на социјалната мрежа X денес, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го обвини Вашингтон за „напад на иранските нафтени и нуклеарни постројки“.
„Иран е целосно подготвен. И ние имаме уште многу изненадувања“, напиша Арагчи, пренесува CNN.
Во исто време, иранскиот функционер за национална безбедност, Али Лариџани, му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека безбедноста во Ормутскиот теснец нема да биде лесно да се постигне.
„Малку е веројатно дека ќе се постигне каква било безбедност во Ормутскиот теснец сè додека продолжуваат огновите на војната што САД и Израел ги запалија во регионот“, напиша Лариџани на социјалната мрежа X, додавајќи дека ризикот дополнително ќе се зголеми ако повеќе земји бидат вклучени во конфликтот.
Лариџани одговори на денешната изјава на Макрон дека Франција подготвува мисија за отворање на Ормутскиот теснец.
Цените на нафтата на берзите денес надминаа 100 долари за барел за прв пат од почетокот на војната во Украина, а аналитичарите предупредија дека тие би можеле дополнително драстично да се зголемат ако конфликтот продолжи.
