Пратеничката Саранда Имери од ВЛЕН ѝ одговори на Илире Даути: Аирлија работа, „лавице“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Многу сум благодарна“, вака изјави во „Клик Плус“ пратеничката Илире Даути прашана за епитетот „лавица“ што ѝ го дале граѓаните, за кој рече дека претставува начин на кој тие ги поддржуваат нивните политики и ја покажуваат својата поддршка.

Во текот на емисијата, Даути упати критики кон власта за одредени прашања, а во врска со тоа реагираше пратеничката на ВЛЕН, Саранда Имери, која рече дека Даути станала пратеничка благодарение на гласовите на ДУИ и дека се занимавале само со враќањето на Груевски од Унгарија и со гласањето за законот за „бранителите“.

Имери иронично порача: „Аирлија работа, ‘лавице’“.

„Гледам дека вечерва Илире многу се нафрлила врз ВЛЕН. Јас само можам да ѝ кажам дека, покрај фактот што мандатот го доби благодарение на ДУИ, бидејќи на последните избори имаше само 777 гласа заедно со својот претседател, единственото што таа и нејзиниот министер за правда го направија беше да се занимаваат со враќањето на Груевски од Унгарија и да гласаат за законот за ‘бранителите’. Аирлија, ‘лавице’“, напиша Саранда Имери на Фејсбук.