Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Гинекологија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

пецијализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 г. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија и Хрватска.

Паралелно со стручното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент, а моментално е избрана за професор.

Член е на повеќе Стручни Меѓународни Здруженија преку кои има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции.

Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеке академски учебници.

Таа доаѓа на местото на Викторија Јовановска, која беше на чело на оваа клиника околу седум години.