Во Министерството за финансии се работи и викендов без прекин, на кроење на ребалансот на буџетот. Се пренаменуваат пари од нереализирани и непродуктивни трошења за она што е попотребно и неопходно. Една од клучните ставки е зголемувањето на пензиите за 2,500 денари од септември. Освен тоа, пари се планираат и за капиталните проекти во општините. Според информациите, планирано е да бидат пренаменети 200 до 300 милиони евра.
„И овој викенд повторно работно во Министерството за финансии. Се работи на ребалансот на Буџетот. Секогаш во интерес на граѓаните на Македонија!“ напиша на Фејсбук министерката за финансии, Гордана Димитреска Кочоска.
