Ирина Шајк се прошета во исто бизарно издание како Кајли Џенер – видеото e хит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кајли Џенер го предизвика вниманието на јавноста појавувајќи се на ревијата на Скиапарели во фустан на кој е закачена огромна плишана глава од лав, но таа не беше единствената.

Иако изгледа невозможно, некој навистина се појавил во истата бизарна комбинација.

За жал на Кајли, тоа беше манекенката Ирина Шајк која на истата ревија прошета пред неа во фустан со закачена лавовска глава, но со една важна разлика.

Имено, лавот на Ирина ги „покажа“ забите.

Иако, се чини, се работи за однапред подготвен план на дизајнерката, сепак луѓето многу се забавуваат со реакцијата на Кајли бидејќи ријалити ѕвездата не успеала да го сокрие својот љубоморен изглед.