Исчезна чешка државјанка во Хрватска, по неа трагаат ХГСС и пожарникари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во петокот кај Дрвеник исчезна постара жена, чешка државјанка, а по неа од синоќа трагаат припадници на ХГСС и пожарникари.

За исчезната вчера била пријавена Чехинката Марија Брејчова (78), која се оддалечила од Дрвеник, Доња Вала. Во потрагата синоќа се вклучија и припадници на ГССС и пожарникари, а таа продолжува и денеска.

Брејчова е висока околу 165 сантиметри, поцврста градба, кафена коса, а во моментот на исчезнувањето носела розов фустан, тениски чевли со зелено-бели детали и бели чорапи. Во моментот на нејзиното исчезнување имала црна чанта.

Доколку сте ja виделе споменатата или имате информации за неа, полицијата бара веднаш да ја известите на бројот 192.

Повеќе информации за исчезнатото лице можете да најдете ТУКА.