Исен Шабани со кривична за Фатмир Лимани, градинката во Добри Дол и натаму затворена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, поднесе кривична пријава против министерот за социјална политика, Фатмир Лимани и директорката на градинката „Пролет“ Турќан Салији. Според него, тие го прекршиле законот за правата на децата.

„Сега во Обвинителство доставив две кривични пријави, за министерот и директорката. Многу сум вознемирен од хаосот создаден во територијата на општина Врапчиште, со градинката „Пранвера“ каде има огромно прекршување и јавно ќе му се обратам на министерот да ја учи неговата работа и добро да ги прочита неговите надлежности.“, изјави Шабани.

Министерот Лимани во телефонски разговор вината ја префрли на поранешната директорка која, според него, не направила годишна програма.

„Кривична пријава треба да покрене за претходната директорка која не ги исполнуваше условите и не направи добро планирање на буџетот и треба да покрене кривична и за себе бидејќи тој ја предложил таа директорка. Сепак ние ќе се соочуваме и во суд во случај да треба да се соочиме“, изјави Лимани.

Инаку денеска е трети ден откако оваа градинка во Добри Дол е затворена, поради тоа што нема струја. Сметките не се платие бидејќи е не бил направен годишен план. Претходно министерството и ги одзема надлежностите на општината и на местото на директорката назначи негувателка за в.д. директор.

Од овој политички пинг понг меѓу двете институции најмногу настрадаа родителите кои немат каде да ги остават децата кога треба да одат на работа.