Обвинителот Трајче Пеливанов, привремено и в.д. шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше меѓу првите кој гласаше за прв човек на ова обвинителство.
На листата на кандидати имаше 4 имиња: Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и Вилма Русковска. Јавноста веќе е запознаена со сите обвинители, освен со обвинителот од Гостивар Ислам Абази, кој во текот на минатата недела не беше достапен за медиумите.
Иван Цветановски, претседател на Изборната комисија во бр. 3, рече дека со овој начин на избор, новиот шеф на Обвинителството за гонење криминал и корупција ќе има поголема одговорност бидејќи ќе сноси одговорност пред колегите кои гласале за него.
Обвинителката Вилма Русковска која се трка за уште еден мандат, пред да гласа, пред медиумите рече дека очекува победа и дека правдата треба да победи. Сепак, како што рече, доколку изгуби ќе го прифати поразот.
Русковска објасни дека за да се биде шеф на ова обвинителство е голема одговорност.
Во 16 часот се затворија избирачките места во Вишото обвинителство, се пребројуваа гласовите, се запишуваат во записникот и кутиите се праќаат во Советот на обвинители каде што има изборна комисија и каде се броеја сите гласови. За нов шеф на ова Обвинителството за организиран криминал и корупција гласаат 163 обвинители, додека во Вишото обвинителство во Скопје – 91 обвинител. Ислам Абази добил 66 гласа додека Ермон Незири 64, додека Вилма Русковска и Деса Пауновска добија едноцифрен број гласови од нивните колеги.
